Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСрпски Курир најавува тужба против македонски Курир: Ја манипулираат јавноста и го злоупотребуваат нашиот бренд

Српски Курир најавува тужба против македонски Курир: Ја манипулираат јавноста и го злоупотребуваат нашиот бренд

Информативниот портал Курир.мк нема никаква врска со изданијата на Адрија медија груп, дневниот весник Курир и сајтот Курир.рс, соопштува Адрија Медија Груп.

Таа најавува дека во наредниот период ќе ги покрене сите правни механизми пред македонскиот и меѓународниот суд со цел да го заштити името „Курир“ од злоупотреба и угледот на компанијата како најголема регионална медиумска куќа.

„Македонскиот портал Курир.мк е очигледен обид за манипулација на јавноста и злоупотреба на најочигледниот медиумски бренд на Балканот. Ги предупредуваме нашите читатели од Македонија дека пишувањето на порталот Курир.мк не одразува ставови ниту пак уредувачка политика на изворниот Курир, затоа што зад оваа неуспешна копија стојат политичари. Сопственикот на оваа македонска копија е фирмата ЕМ Медиа Д.О.О од Скопје“, се наведува во написот на српски Курир.