Saturday, Jul 22, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионСрпски авион се урна кај Добој, едно лице го загуби животот

Српски авион се урна кај Добој, едно лице го загуби животот

Едно лице загина, а две се повредени по пад на авион со српски регистарски ознаки. Авионот се урна на планината Озрен, во близина на Добој.

Во авионот имало тројца патници од кои според неофицијалните информации едно лице загинало, а едно е тешко повредено, објави „Независне новине“. Авионот што се урнал бил ангажиран на исфрлување отрови – мамци за лисици.