Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСрпската ЛГБТ популација повторно го свртува вниманието кон себе, се апелира на мирни собири без насилство

Српската ЛГБТ популација повторно го свртува вниманието кон себе, се апелира на мирни собири без насилство

Две групи собрани од Парадата на гордоста и Парадата на транс личностите маршираат кон платото пред Собранието на Белград, соопштуваат српските медиуми. Центарот е преплавен со полицајци во опрема за разбивање демонстрации и оклопни возила за што е можно поголема безбедност.

parada belgrad1Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, предупреди дека насилството кон ЛГБТ луѓето и полицијата нема да се толерира и дека на улиците на градот ќе има постапувачки обвинители чија задача ќе биде да реагираат при било какво забележување на насилство.

Во минатите години, ваквите собири во Србија често завршуваа со насилство и нереди предизвикани од екстремните десничарски здруженија, од кои повеќето сега се забранети.