Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСрѓан Керим во трката за генерален секретар на ООН

Срѓан Керим во трката за генерален секретар на ООН

Срѓан Керим влезе во трката за генерален секретар на Обединетите нации. Владата на Република Македонија одлучи да го кандидира поранешниот министер за надворешни работи и 62 претседавач на генералното собрание на Обединетите нации за престижната светска функција.

Ако биде избран, Керим ќе седне на оваа функција идната година, по истекот на мандатот на актуелниот генерален секретар, јужнокорејскиот политичар Бан ки Мун, кој на оваа позиција е од 2006 година.

По основ на системот на ротација, следниот генерален секретар треба да биде од редовите на источноевропската група.

Како можни кандидати се споменуваат и министерката за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ, актуелниот директор на УНЕСКО од Бугарија, Ирина Бокова, како и поранешниот српски министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ. Кој се ќе влезе во трката ќе познато околу Нова Година.