Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСрѓан Керим поднесе кандидатура за генерален секретар на ОН

Срѓан Керим поднесе кандидатура за генерален секретар на ОН

Срѓан Керим од Македонија и на Весна Пусич од Хрватска се кандидираа за местото генерален секретар на ОН. Претседателот на Генералното собрание и Советот за безбедност на светската организација потврди дека ги добил писмата со имињата на Срѓан Керим од Македонија и на Весна Пусиќ од Хрватска.

Кандидатот од Република Македонија е поранешен министер за надворешни работи и се смета за многу близок до властите во Белград. Тој беше предложен од кабинетот на Никола Груевски на крајот на летото. Керим беше вмешан во огромен корупциски скандал пред неколку години, кога неговиот возач беше фатен од унгарските цариници со 750.000 евра сoкриени во шише.

vesna pusikКандидатурата на Пусиќ беше подигната од службената влада на Зоран Милановиќ, којa до крајот на месецот ќе си оди од власт и ќе биде заменета од коалицијата помеѓу досегашната опозициска ХДЗ на Томислав Карамарко и на Движењето МОСТ од Божо Петров. Инаку, Карамарко изразил несогласување со кандидатурата на Весна Пусиќ и прашал со што таа ја заслужила оваа номинација.

Официјалните номинации за раководната функција во ОН се прифаќаат од 15-ти декември. Името на сегашниот генерален секретар на УНЕСКО – Бугарката Ирина Бокова, се коментира како фаворит за функцијата. Мандатот на актуелниот генерален секретар на ОН, Бан Ки Мун истекува на крајот на годината. Името на новиот шеф на светската организација се очекува да биде познато во септември.