HomeФЕР ПЛЕЈРакометСреќна 13-ка за Талески, со Душебаев во тимот на колото на ЛШ

Среќна 13-ка за Талески, со Душебаев во тимот на колото на ЛШ

Ракометарот на Металург, а воедно и на македонската репрезентација, со 13 постигнати гола против Елверум сосема заслужено си доби место во најдобриот „тим“ на колото кој го прогласува ЕХФ. Талески постигна 13 од вкупно 18 гола кои ги даде Металург, па затоа е најдобар лев бек на првото коло.

aleks-dusebaev-vardar

Во топ 7 тимот влезе и Алекс Душебаев од Вардар како најдобар десен бек кој со 7 гола придонесе во убедливата победа на Вардар против Кристијанштад на гостински терен.

Најдобар голман е Филип Ивиќ од Киелце, лево крило Уве Генсхајмер од ПСЖ, десно крило Каспер Емил Килделунд од Холстебро, Кентин Мае од Фленсбург е најдобар среден бек, додека пак Толга Озбахар од Бешикташ е прогласен за најдобар пивот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com