HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСредновечен монструм од Дебар вршел обљуба врз сопствената ќерка!

Средновечен монструм од Дебар вршел обљуба врз сопствената ќерка!

Жител на дебар со богато криминално досие е осомничен дека со месеци ја силовал својата 14 годишна ќерка, соопштуваат од МВР.
48 годишниот монструм, против кого е поднесена кривична пријава за родосквернавење, бил пренесен на распит во Основниот суд во Гостивар, каде што му бил доделен 48 часовен притвор по што иститот бил спроведен во Истражен затвор „Скопје.“

Според полицијата, осомничениот бил пријавен на 7ми Декември годинава откако во својот дом ја силувал својата родена 14 годишна ќерка. По пријавата веднаш биле известени во Центарот за социјални работи во Дебар, при што по обавениот разговор со девојчето било утврдено дека таткото-монструм повеќепати ја силувал ќерка си во изминативе три и пол месеци. На девојчето веднаш и бил извршен здравствен преглед при што било утврдено дека истата била цел на полов напад.

Од МВР брифираат дека осомничениот и претходно им бил познат преку кривичните пријави за насилство, општа опасност и создавање на фалсификувани исправи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com