Friday, Mar 29, 2024
HomeСТУДЕНТУМСредното образование ќе влезе во 21-от век

Средното образование ќе влезе во 21-от век

Министерството за образование и наука планира со ангажирање на конзорциум на експерти од Италија и Турција да направи проценка на сите образовни профили и насоки во средните училишта и да се предложат нови модерни програми кои донесат унапредување.

spiro-staroturski„Министерството за образование и наука, Центарот за стручно образование и наука и Бирото за развој на образованието со поддршка на Светска банка кон крајот на 2015 година започна подготовки за модернизација на четиригодишното средно стручно образование. Интернационален конзорциум, согласно потпишан тригодишен договор со Министерството, треба да направи анализа на постојниот систем, да предложи измени и да ни помогне во реформирање на 14 струки, 52 образовни профили и 1.300 наставни програми“, изјави заменик министерот за образование, Спиро Ристовски.

Конзорциумот има големо искуство во креирање образовни програми за модерните потреби во повеќе европски држави и оваа заложба треба да им овозможи на идните средношколци стекнување со знаења и вештини кои навистина ќе им бидат од корист.