Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСредношколците пристигнаа – системот паднат

Средношколците пристигнаа – системот паднат

Технички проблеми, паднат систем и нелогични прашања го одбележаа стартот на екстерното тестирање на матурнатите. Во дел од училиштата, тестирањето не почна навреме, а учениците чекале повеќе од час и половина за да се покрене системот. Од Државниот испитен центар (ДИЦ) и Министерството за образование и наука (МОН) соопштуваат дека процесот се одбивал непречено.

Долго време средношколците протестираа против овој начин на екстеро тестирање, но министерството за образование остана глуво на нивните барања. И покрај тоа што средношколците и професорите укажаа на многу недоследности и нечлогичности во екстерното тестирање, сепак ништо не беше променето, а учениците дополнително се соочуваат и со технички грешки.

Матурантите полагаат екстерни тестови сега, бидејќи во јуни треба да полагаат државна матура, која е услов за упис на факултет. За разлика од нив, основците и останатите ученици од средното образование ќе полагаат екстерни тестови кон крајот на претстојната учебна година.