Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСредношколците кои не положија, од утре ќе полагаат државна матура

Средношколците кои не положија, од утре ќе полагаат државна матура

Од утре до 21 август ќе се полага државна матура во средните училишта. Ќе полагаат оние матуранти кои во јунскиот испитен рок не беа тестирани или не успеаја да положат некој од предметите.

Утре ќе се полага задолжителниот предмет мајчин јазик и литература. На 19 август ќе полагаат матурантите кои одбрале странски јазик, во четврток ќе се спроведе испитот по математика, а в петок се испитите по предметите естетика, филозофија, хемија, физика, биологија, историја и бизнис.

На ова тестирање ќе треба да се појават 2229 матуранти кои не полагале во јуснскиот рок. Полагањето ќе почне од 10 часот и предвидува тестирање по три екстерни и еден интерен предмет. Во јуни матура полагаа околу 18 илјади матуранти, а средниот успех според резултатите по сите предмети е 3.37.