Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСредношколците и студентите ќе учат по старо

Средношколците и студентите ќе учат по старо

Законот за високо образование и за државната матура, сепак нема да се гласа оваа година. Измените на овие закони се одложени за септември 2016 година.

Дотогаш, Владата ќе се консултира со сите засегнати страни со цел да се слушнат сите мислења и да се направат темелни консултации – изјави премиерот Никола Груевски

– Одлагањето на државната матура е затоа што од декември се пријавува матурата и имавме прекраток период за промените што сакавме да ги постигнеме, затоа што ни треба во меѓупериодот и дијалог, така што има доволен простор да се вклучат сите заинтересирани страни и да се разговара со сите, да се слушнат сите мислења и да се направат темелни консултации за на крај да се донесе најсоодветното решение”, рече Груевски.
maturaШто се однесува до Законот за високо образование, Груевски рече дека и за него ќе се направат максимални напори да бидат вклучени сите оние на кои се однесува законот и да се слушнат сите мислења, а во заеднички консултации да се дојде до најдобрите можни решенија.

Студентите, средношколците и професорите протестираа против измените на Законот за високо образование и против новиот начин на полагање на државната матура и екстерното тестирање. Инаку, средношколскиот пленум за утре најави собир пред Министерството за образование.