Friday, Apr 28, 2017
HomeСТУДЕНТУМСредношколскиот пленум продолжува со борбата, на 1-ви септември пред МОН

Средношколскиот пленум продолжува со борбата, на 1-ви септември пред МОН

Наместо во клупите, средношколците ќе ја започнат учебната година пред министерството за образование и наука. На 1-ви септември во 18 часот во Паркот на новинарите во Скопје, пред зградата на Министерството за образование, Средношколскиот пленум ќе организира алтернативни предавања, панел дискусија и други активности.

Овој собир на средношколците по летната пауза за Средношколскиот пленум претставува враќање на општествената сцена во борбата за реализација на нивните барања.

„Се надеваме дека министерството овој пат ќе ја сфати нашата сериозност и конечно ќе реши да соработува“, соопштија средношколците.

Минатата учебна година речиси 18 илјади срендошколци од цела Македонија ја блокираа редовната настава во училиштата, а освен блокада на наставата, дел од скопските средношколци три недели кампуваа во паркот наспроти ресорното министерство со надеж дека надлежните ќе ги прифатат нивните аргументи за стопирање на реформите во образованието.