Thursday, Dec 14, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаСредношколски игри во градски парк

Средношколски игри во градски парк

Под слоганот „Заедно во природа“ ќе се реализира третото издание на „Средношколските игри 2015“, манифестација од забавен и натпреварувачки карактер за ученици од средните училишта на Град Скопје.

Проектот што ќе содржи различни активности (крос, натпревари во знаење, уметнички вештини, еко игри, забава…) има за цел да ги поттикне средношколците да развијат свесност за потребата и неопходноста од нивен редовен престој во природа со цел подобрување и унапредување на нивното психофизичко здравје.

На еднодневните игри ќе бидат вклучени ученици – натпреварувачи, наставници, директори, комисии, претставници на државни институции и компании, но и останати ученици, родители, гости, посетители.

Средношколските игри е проект за анимација на средношколската младина во градот Скопје заради зачувување на нивното здравје сега (и во иднина), заради развивање на нивниот спортски и натпреварувачки дух, нивните психофизички, мисловни активности, заради споделување знаење, искуства, заради дружење со врсниците во природа, заради развивање и подобрување на сопствената личност, но и позитивно влијание врз другите. Сите овие активности имаат за цел и развивање на толеранција, почитување на другите (без разлика од која етничка и на која општествена група потекнуваат, од кое училиште доаѓаат). Манифестацијата е во организација на ЗГ СФЕРА Скопје и со поддршка на Град Скопје.