Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСреде Загреб пронајдени 400 килограми ураниум

Среде Загреб пронајдени 400 килограми ураниум

Загребчани биле изложени на голема опасност. Речиси 400 килограми ураниум, кој не е заведен во официјалната задолжителна евиденција на нуклеарен материјал, се чува без посебни безбедносни мерки за заштита од зрачење и кражба во самиот центар на Загреб, во складиште за нуклеарен отпад на Институтот Руѓер Бошковиќ, пишува денеска „Вечерњи лист“.

За тој нуклеарен материјал до пред неколу недели воопшто не се знаело, а беше откриен при санација на тој простор, потврди сопственикот на компанијата, која санирала одлагалиште и лабораторија. Нукларниот материјал е голема потенцијална опасност за здравјето на луѓето и околината, податлив за злоупотеба во криминални потреби.

Материјалот не е евидентиран на ниту едно место, не постои службена информација кога и од каде е донесен и за што се користи. Државниот завод за радиолошка и нуклеарна безбедност за ураниум ја информирал владата, а во истрагата од каде и кога завршил материјалот во Институтот се вклучиле и тајните служби, наведува загрепскиот дневен весник.