Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСреде бел ден во Скопје: Нападнат и ограбен таксист од патник

Среде бел ден во Скопје: Нападнат и ограбен таксист од патник

Таксист е нападнат со нож и ограбен додека возел патник вчера околу 13:30 во скопската населба Керамидница.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, патникот се качил во возилото, седнал на задното седиште и со закана со нож на таксистот И.В.(42) му одзел околу 12.000 денари, по што избегал.

Се работи на целосно расчистување на случајот.