Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСредбата на еврогрупата заврши без договор за Грција

Средбата на еврогрупата заврши без договор за Грција

Вонредниот состанок на еврогрупата за грчата должничка криза заврши без договор. Нова рунда преговори се најавени за наредните денови. Како основа за натамошните разговори преговарачите ќе ги искористат предлозите кои викендов ги дал грчкиот премиер Алексис Ципрас кои се оценети како разумни, но задоцнети.

Веднаш по состанокот, грчкиот министер за економија Јоргос Статакис во интервју за ББС изјави дека Грција е спасена и дека новите предлози на Атина ги поместиле преговорите со кредиторите од мртвата точка. Но првиот финансиер на Германија, Шојбле тврди дека во предлогот „нема ништо битно ново“.
jorgos statikis
„Уште не сме добиле одржлив предлог. Без тоа, не гледам како Еврогрупата би го подготвила Евросамитот“, вели Волфганг Шојбле, министер за финансии на Германија.

Атина има уште една недела да постигне договор со меѓународните кредитори за да може да плати дел од кредитот што го должи на Меѓународниот монетарен фонд. Владата на СИРИЗА треба да реши дали ќе започне нов круг кратења на пензии и плати како што бараат кредиторите или ќе одбие и со тоа најверојатно ќе ја осуди земјата на банкрот.