Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСредба Заев-Купчан: Вистинските реформи доаѓаат по демократските промени што ќе се случат во декември

Средба Заев-Купчан: Вистинските реформи доаѓаат по демократските промени што ќе се случат во декември

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со Чарлс Купчан, виш директор за европски прашања при Националниот совет за безбедност на САД.

На средбата се разговарало за моменталната состојба во Република Македонија и предизвиците за спроведување на неопходните реформи за кредибилни избори во декември, се вели во соопштението на опозициската партија.

Претседателот Заев посочи дека е важно да се завршат договорените процеси до крајот на овој месец, во делот на прочистување на Избирачкиот список и професионалното известување на медиумите, за да се отвори пат за избор на техничката Влада.

– Зборуваме за реформи кон минимално исполнување на критериумите за фер и кредибилни избори. Тоа е гаранција дека ќе се почитува слободната волја на граѓаните. Вистинските реформи во земјава, коишто ќе ги почувствуваат граѓаните, доаѓаат по демократските промени што ќе се случат во декември, оваа година – рече Заев.

sredba Zaev_Kupcan3

Во таа насока претседателот Заев го претстави програмскиот концепт на СДСМ за подобра и сигурна иднина на сите граѓани во Македонија.

– Суштинските реформи коишто ќе ги спроведе новата, одговорна Влада, ќе донесат економски напредок на земјата, департизација и професионализација на институциите, владеење на правото и слобода на медиумите – додаде Заев.

На средбата, заеднички беше оценето дека за иднината на Република Македонија клучно е враќањето на земјата на нормалниот колосек и патот кон евро-атланските интеграции.