HomeДЕНЕШНАРегионСредба Вучиќ-Рама: Сакаме во ЕУ, а Косово останува нерешено прашање

Средба Вучиќ-Рама: Сакаме во ЕУ, а Косово останува нерешено прашање

Српскиот и албанскиот државен врв денеска се сретнаа во Белград на безбедносната конференција „Иднината на Албанско-Српските односи и стабилноста на Југоисточна Европа“, а утре заедно ќе продолжат во Ниш на првиот српско-албански економски форум. Двајцата премиери, Александар Вучиќ и Еди Рама разменија пофални зборови за справувањето со мигрантската криза и оценија дека двете држави мора да се фокусираат на иднината и да го продолжат својот евроинтегративен пат. Единствената прашање кое наиде на несогласување, останува Косово.

Вучиќ рече дека Србија ќе го продолжи дијалогот со Приштина, но потенцираше дека ќе биде потребно уште многу време за состојбата да се подобри. Рама пак, не го криеше незадоволството од тврдата позцијата на Србија во однос на статусот на Косово.
vucic-rama-belgrad-1„Косово е едно од прашањата околу кое со Вучиќ имаме дијаметрално спротиставени ставови. Трепча му припаѓа на Косово. Да не сакате можеби да го пренесете? Луѓето мораат да разберат дека рудникот Трепча е на териротија на Косово и им припаѓа на косовските граѓани без разлика дали се Албанци или Срби“, рече Рама. По остриот тон на албанскиот премиер, Вучиќ возврати дека во однос на Трепча, Косово прави потези кои се илегални.

Двајцата премиери се согласија дека членството во ЕУ е стратешка цел на двете земји, кои треба да продолжат да работат на градење на меѓусебната доверба. Вучиќ не прпушти да ја искритикува ЕУ за двојните стандарди.

По учеството на безбедносниот форум, Вучиќ и Рама тет-а-тет разговараа за зајакнувањето на политичката и особено на економската соработка и за заедничките инфраструктурни проекти, како што е автопатот Ниш – Приштина – Тирана – Драч. Нивните еконосмски разговори ќе продолжат утре на форумот во Ниш.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com