HomeДЕНЕШНАПолитикаЗа што разговараа Ахмети и италијанскиот Амбасадор Ромео?

За што разговараа Ахмети и италијанскиот Амбасадор Ромео?

mkd-163120

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со новоименуваниот италијански амбасадор во Македонија, Карло Ромео.

На средбата, како што информираат од партијата на Ахмети, тие соговорници разговарале за политичката ситуација, за изборите на 11 декември, како и за реформите и интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ.

Ахмети упатил апел до сите заинтересирани страни да придонесат за изборниот процес. Тој истакнал дека владеењето на правото и системските реформи се составен дел од програмата на ДУИ, заедно со еднаквоста на сите граѓани и економијата.

Лидерот на ДУИ се заблагодарил и за досегашната поддршка од Италија за евроинтегративниот процес на Македонија и изразил надеж дека таа ќе продолжи и во иднина.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com