HomeДЕНЕШНАСветСредба: Обама – Трамп

Средба: Обама – Трамп

ct-trump-obama-meet-at-white-house-20161110

Барак Обама е добар човек – рече новоизбраниот претседател Доналд Трамп за својот дологодишен противник, Барак Обама, по средбата која се оддржа во Белата куќа, како дел од примопредавањето на власта. Обама од своја страна пред новинарите изјави дека Америка ќе успее доколку и Трамп успее.

„Како што изјавив вчера, мојата главна цел ќе биде во следните два месеци да ја осигурам успешната транзиција на ново избраниот претседател,“ изјави Барак Обама.

Средба во Белата куќа имаше и потпретседателот во заминување Џо Бајден, кој се сретнa со неговиот наследник, гувернерот Мајк Пенс. Трамп денеска на одвоени средби и со претседателот на Претставничкиот дом на Конгресот, Пол Рајан, и лидерот на владеачкото мнозинство во Сенатот Мич Меконел.

„Средбата траеше подолго од планираното, со претседателот Обама разговаравме за многу ситуации, вклучувајќи и некои проблеми“, изјави Доналд Трамп.

Во Белата Куќа средба остварија и првата дама Мишел Обама со сопругата на Трамп, Меланија. Ново избраниот претседател Доналд Трамп своето место во Белата куќа ќе го заземе на 20 јануари 2017.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com