Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСредба Бесими – Пласнер: Справување со мигранти, ЕУ интеграција и политичката криза

Средба Бесими – Пласнер: Справување со мигранти, ЕУ интеграција и политичката криза

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Данска, Лисалоте Пласнер.

Теми на разговор на средбата биле ЕУ интегративните процеси на Македонија, развојот на добрососедските односи, справувањето со мигрантската криза, а се продискутирало и за политичката состојба во државава.

Бесими, како што сооштува неговиот Кабинет, изразил благодарност за континуирана поддршка на Данска за евроатланската интеграција на Македонија.

– Данска е поддржувач на процесот на проширување на ЕУ и е на ставот дека услов за натамошното напредување на земјите треба да бидат достигнувањата во исполнувањето на неопходните обврски на секоја земја поединечно, се наведува во соопштението.

Неопходноста од што поскорото интегрирање на зајите од Западен Балкан во ЕУ, како гаранција за стабилност и просперитет, била една од главните заклучоци по остварената средба.

Двајцата соговорници констатирале дека напредокот во политичкиот дијалог помеѓу своите земји и продлабочената соработка во сите области е од најголем заемен интерес и во иднина особено внимание ќе биде посветено на билатералните односи.


Н.С