Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСредба Ахмети – Заев, преговорите за состав на влада продолжуваат

Средба Ахмети – Заев, преговорите за состав на влада продолжуваат

Средба помеѓу Ахмети и Заев. Иако не кажаа ништо пред камерите, после средбата со социјалдемократите, ДУИ преку едно соопштение изјавија дека преговорите за формирањето на новата влада продолжуваат и дека главните приоритети на оваа партија се интегрирањето на земјата во ЕУ и НАТО. Средби од исто ниво се очекува да има и во наредните неколку дена. Три часа по завршувањето на средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ДУИ, Али Ахмети го напушти партискиот штаб во Мала Речица.

Меѓу друго Зоран Заев денеска се сретна и со претседателот на ДР-ДПА, Зиадин Села, а после средбата со него, Заев дојде во Мала Речица каде започнаа и првите преговори за поделбата на министерствата и другите ресурсни кабинети.