Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСрбов: СЈО најавува прес, а СДСМ веќе знае што ќе биде соопштено

Србов: СЈО најавува прес, а СДСМ веќе знае што ќе биде соопштено

Партиската параинституција на СДС, олицетворена во СЈО, во недела се потерала да напише известување до медиуми дека во понеделник ќе имале прес конференција. И сето тоа, од страна на соросовите медиуми, и секако телевизијата на Заеви, е доволна причина за правење на медиумски спектакли и нарачани вести.
Епа господо:

Прво, какво е тоа обвинителство, ако не исклучиво чисто партиско и политичко мотивирано кое на фанфари најавува прес конференции уште ден порано.

Второ, таквите најави се дознаваат на социјалните мрежи уште пред да биде пуштено официјалното известување кое во нормална држава има функција на техничко известување, а не правење на политичка тема.

Трето, СЈО со својата работа нема ниту „п“, од право, но има „П“ од партија. Сигурно, по утрешна „спектакуларна“ прес конференција ќе најават и ќе побараат мерки за претпазливост или обезбедување на оние кои се предмет на истрага. Па нели со ваквите известувања ден порано се загрозува истрагата, постапуваат непрофесионално и најавуваат уште 24 часа претходно што ќе се случи во наредниот период.
Четврто, како е можно дел од луѓето блиски од СДС на своите ФБ профили да споделуваат информации за тоа со какви случаи утре ќе излезе СЈО. Ова е сериозна злоупотреба. Се поставуваат прашања: од каде знаат, зошто СЈО е партиски штаб на СДС, зошто се се пренесува што се работи, дали ова не е доказ дека директивите до СЈО доаѓаат од СДС? Од каде знаат нивните луѓе дека утре ќе се работело тема за финансирање на партија или изградба на автопатишта…Се со цел да се оцрни ВМРО и да се нанесе штета. Без докази, без аргументи, без било каква почитувана правна процедура. Чисто политички потег.
Петто, можеби и најважно, рокот во кој треба да испорача резултати СЈО го гази немилосрдно. Луѓето од оваа партиска испостава и инструмент се длабоко во паника.

Потрошија пари на граѓаните, време, нерви, очекувањата сами ги кренеа, а резултати нема. Тие ќе одат на гласност во нивната работа, за да го отргнат вниманието од се она што се случува зад големата сцена. Во наредниот период ќе се изнаслушаме и изнагледаме вакви театарски точки од СДС и СЈО. Но се претера.., стои во Фејсбук статусот на Србов.