Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиСрбите се побунија против блудот во Фарма, Парови, Големиот брат…

Србите се побунија против блудот во Фарма, Парови, Големиот брат…

Скандалозните реални шоуа ги преплавија сите телевизиски канали на Балканот. Конечно, граѓаните на Србија се сетија да се побунат. Тие започнаа онлајн петиција која многу брзо почна да се полни со потписи. Со петицијата бараат реалните шоуа да се укинат бидејќи содржат премногу блуд, неморал, пропагирање погрешни вредности и слично.

Да потсетиме, „Фарма“ почна да се емитува во текот на минатата недела, синоќа почна шоуто „Парови“, Малдиви се уште е во тек, а се очекува „Големиот Брат“. Петицијата досега собра над 47 илјади потписи, а може да се гласа од било која земја. Доколку и вие сакате да се потпишете, тоа можете да го направите тука.