Wednesday, Jul 26, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСрбите ја освоија фудбалската светска круна

Србите ја освоија фудбалската светска круна

hi-res-ccb8999168108d8fd349932c82e9cd2a_crop_exact

Младите фудбалери на Србија се нови Светски прваци на Мундијалот за фудбалери до 20 години кој утрово заврши во Нов Зеланд. За овој историски успех избраниците на селекторот Вељко Пауновиќ, со 2:1 по продолженијата го совладаа големиот и фаворизиран Бразил.
9ee701e70b94a21b790f6a706700563c
По две продлженија откако во регуланите 90 минути средбата заврши 1:1, Немања Максимовиќ не дозволи победникот да се добие по изведувањето на пенали и на само две минути пред крајот од продолженијата го постигна решевачкиот гол. Претходно, за водство на Србија погоди Станиша Мандиќ во 70 минута, но радоста не траеше долго само три минути подоцна Андреас Переира успеа да го израмни резултатот.

Избраниците на Вељко Пауновиќ за пласман во финалето мораа најпрво да ја совладаат Америка, а потоа во полуфиналето го покорија и мали Мали, кој заврши како трето пласиран на Светскиот Мундијал за играчи до 20 години. Во борбата за третото место, Мали го совлада Сенегал со резултат 3:1.