Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСрбите ги изгубија правата во Вуковар

Србите ги изгубија правата во Вуковар

Градскиот совет на Вуковар гласаше за промена на Статутот на градот со кој не се предвидени двојазични табли, односно употребата на кирилицата на натписите на институциите во градот. Имено, со измените на Статутот не се предвидени двојазични табли на градските установи, дуќаните и улиците во тој град, а со тоа е предвидено за секое обраќање на кирилично писмо потребна е посебна молба и плаќање такса.

Со усвоените измени директно се негира рамноправноста на употребата на јазикот и писмото, со што се кршат основните човекови и малцински права на Србите, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија. МНР на Србија упати најостар протест до Хрватска по повод одлуката на Градскиот совет на Вуковар за промена на Статутот на градот, во кој не се предвидуваат двојазични табли.

„Република Србија ја предупредува Република Хрватска дека е должна да ги почитува своите меѓународни преземени обврски и бараме итна реакција на државните органи на Хрватска на оваа одлука на властите во Вуковар чии највисоки претставници овие денови во годината кога целиот свет ја слави 70 годишнината од победата над фашизмот, да и станат познати на пошироката јавност по пеење устешаки песни од времето на фашистичка независна држава Хрватска“, се наведува во соопштението.