Thursday, Mar 30, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионСрбија уапси бегалец со ист пасош како терористот од Париз

Србија уапси бегалец со ист пасош како терористот од Париз

Во Прешево уапсен е бегалец, бидејќи кај него е пронајден пасош идентичен со оној на терористот кој го изврши нападот во Париз. На пасошот стои истото име како неговото, но со друга фотографија. Српските власти се сомневаат дека пасошите се фалсификувани и додаваат дека се во контакт со француските истражители.

Француската полиција пронашла сириски пасош во близина на трупот на терористот кој го извршил нападот во близина на стадионот. Ал Мохамед на 7 ноември бил регистриран во Прешево, каде влегол преку Грција и Македонија а заминал преку Србија за Хрватска, па преку Унгарија во Австрија.

Постои сомневање дека патните исправи се печатат во Турција и оти тие се лажни. Разузнавачките служби претпоставуваат дека идентитетот е украден од сириски војник, лојален на претседателот Башар ал-Асад, кој бил убиен пред неколку месеци.