Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСрбија се сеќава на прогнот од Олуја, Хрватска слави

Србија се сеќава на прогнот од Олуја, Хрватска слави

Србија е во жалост и на тој начин им оддава почит на загинатите и исчезнатите лица во текот на акцијата Олуја со која хрватските сепаратисти и се спротиставија на ЈНА составена претежно од српски војници, но при судирите дојде и до страдање на голем број на цивили, од кои и 250 илјади иселени луѓе.

Од официјален Белград најсилен во ставовите е Александар Вулин кој вели дека нема политичка и идеологија која ќе ја смени намерата на Србија да го оплакува овој датум и за кој се залага да стане национален ден на жалост за угнетените Срби во Хрватска.

oluja-hr

Од друга страна пак, Хрватска ја одбива оваа тешка реторика и оценува дека операцијата била чиста и со цел да се дојде до независност на земјата и протерување на агресорот, а потоа ќе го слави и Денот на победата. Затоа, Србија, Босна и Хрватска постојано се вртат во круг, кога се врши комеморација на своите жртви бараат осуда и вечно памтење, а кога се наоѓаат во спротивна позиција бараат изговори за крвата граѓанска војна.