Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСрбија одбележува 13 години од убиството на Ѓинѓиќ

Србија одбележува 13 години од убиството на Ѓинѓиќ

Денеска се навршуваат 13 години од како при влегувањето во зградата на Владата на Србија беше убиен првиот демократски избран премиер на Србија и лидер на Демократската партија Зоран Ѓинѓиќ. Членовите на српската Влада, предводени од премиерот Александар Вучиќ утрово положија венци на спомен-плочата во седиштето на владата, на местото каде беше убиен Ѓинѓиќ.

Поради организирање на убиството на премиерот, на 40 години затвор осуден е поранешниот командант на специјалните полициски единици „црвени баретки“ Милорад Улемек. На иста казна осуден е и Звездан Јовановиќ, непосреден извршувач на убиството и поранешен заменик на Улемек. Политичката позадина на убиството на Ѓинѓиќ се уште не е позната.