Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСрбија нема да прими мигранти во замена за пари, СНС бара ограда на границата со Македонија

Србија нема да прими мигранти во замена за пари, СНС бара ограда на границата со Македонија

Александар Вучиќ денеска порача дека Србија нема да биде паркиралиште за имигранти, дека не сака и нема да вдоми стотини илјади од нив, но подготвена е да учествува во системот на квоти, иако ја нема таа обврска како членките на ЕУ.

Коментирајќи ги неофицијалните информации дека на претстојната конференција во Лондон, дел од парите ќе бидат наменети за Србија со цел дел од мигрантите да се задржат во земјата, Вучиќ нагласи дека „тие пари ние не сме ги виделе, тоа се многу големи пари за нашата земја и кога на нас некој би ни дал толку милиони евра, тоа би значело дека стотина илјади имигранти ќе останат во Србија. Тоа не е можно“.

vucicСрпскиот премиер повтори дека на Србија пари не и се потребни, дека трошоците поврзани со имигрантите ќе ги покрие од сопствениот буџет и се заблагодари на УНХЦР и ЕУ.

Инаку, СНС апелираше до Владата на Србија да им се спротивстави на притисоците од ЕУ и да води национално одговорна мигрантска политика која на прво место ќе ги стави интересите и безбедноста на граѓаните на Србија. Тие сметаат и дека треба што поскоро да се постават физички бариери и да се извади војската на границата со Македонија за да се запре неконтролираниот прилив на мигранти на српска територија.