Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСрбија: Лекувањето со канабис ќе стане легално до крајот на годината

Србија: Лекувањето со канабис ќе стане легално до крајот на годината

Во Србија веќе некое време се водат жестоки дебати за и против лековитите својства на маслото од канабис, како и предлог закони за легализација на истото. Најверојатно, Србија ќе стане првата земја во регионот која ќе им го олесни животот на болните.

Претседателот на здружението „Лекализација на Србија“, Антоние Ковачевиќ, за српски „Курир“ откри дека најверојатно до крајот на годината ќе биде легално да се користат препарати од марихуана, затоа што ќе бидат усвоени законски реформи што ќе им овозможат на сите оние што се лекуваат со масло од канабис тоа да го прават без правни последици. Тој тврди дека до крајот на годинава ќе бидат усвоени измени на Законот за психоактивни и контролирани супстанци.
legalizacija„Задоволство ми е да ве известам дека од високо и добро известен извор од Владата во Србија добив информација дека до крајот на 2015-тата година, земјава ќе усвои позитивни законски норми и ќе им овозможи на сите оние што се лекуваат со масло од канабис или што би сакале тоа да го прават во иднина – да го прават истото без страв од аспење или од кривично гонење, слободно со рецепт и лекарски надзор. Така Србија ќе стане првата земја во Регионот што на овој начин ќе го хуманизира општеството и ќе поведе грижа за здравјето на своите граѓани. Нека ни е со среќа победата“, напиша Ковачевиќ на својот профил на Фејсбук.

Официјално барање за легализација на марихуаната за медицински цели до Министерството за здравство го поднесе неврологот и директор на специјалната болница „Свети Сава“ во Белград, Милан Савиќ. Во полза на овој закон, тој ги посочи сериозните истражувања кои говорат дека маслото од канабис помага при лекување на рак, епислепсија и други невродегенеративни болести.