Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСрбија, Хрватска, БиХ и Црна Гора носат „Декларација за заеднички јазик“

Србија, Хрватска, БиХ и Црна Гора носат „Декларација за заеднички јазик“

Повеќе од двесте експерти и јавни личности од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора потпишаа „Декларација за заеднички јазик“, која е резултат на серија конференции на проектот „Јазици и национализам“ – пренесува хрватски Дневник.хр.

Точната содржина на Декларацијата ќе биде претставена утре во Сараево од страна на експерти, професори, писатели, новинари… Веднаш по официјалното претставување, Декларацијата ќе стане достапна на веб страницата jezicinacionalizmi.com, а оние кои ја поддржуваат ќе можат онлајн да ја потпишат.

Декларацијата ја составуваа 30 лингвистички експерти од сите четири вклучени држави. Целта за нејзиното постоење е да се подигне свеста и активно да се влијае на постоечката националистичка јазична пракса во сите четири држави. До сега, повеќе од 200 јавни личности од Балканот ја потпишаа Декларацијата.

Оваа Декларација за поранешните југословенски завојувани држави, претставува значаен исчекор кон иднината и надминување на споровите од минатото. Да потсетиме, по распадот на Југославија, овие четири држави вклучени во Декларацијата, се трудеа да вметнат што повеќе разлики во јазиците, токму за да не потсетуваат на ист јазик. Сега, истите прават една ваква Декларација која со сигурност ќе има позитивен ефект – оценуваат творците.

Неизбежно е во овој контекст, да не ја спомнеме актуелната состојба во Македонија. Кај нас се протестира против двојазичност која веќе одамна постои. Реториката која денес се користи на јавните говори и во медиумите во Македонија, говори за фактот дека нашата земја многу заостанува во напредокот во однос на останатите поранешни југословенски републики.