Tuesday, Apr 23, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиСрбија го победи вечниот ривал – Олимписки првак во ватерполо

Србија го победи вечниот ривал – Олимписки првак во ватерполо

Репрезентацијата на Србија е новиот олимписки првак во ватерполо откако во вечерашното финале славеше над досегашниот шампион Хрватска со убедливи 11-7. Србите многу слабо ги почнаа овие Олимписки игри, забележаа две реми и еден пораз, но заиграа најдобро кога беше најпотребно, па без премногу мака во трите нокаут натпревари стигнаа до големиот трофеј. Идентично како и на последното Светско првенство во Казањ (11-4), Србија финалето им одржа лекција на Хрватите, кои прерано се предадоа во битката за ова злато.

Српските ватерполисти одлично го стартуваа натпреварот и поведоа со 3-1, за „коцкестите“ во самиот финиш од четвртфината преку Чави Гарсија, Шпанецот кој настапува за Хрватска. Српската доминација стана уште поочигледна во вториот период, во кој нашиот северен сосед стигна и до предност од 6-3. Хрватска намали на 6-4 на самиот почеток од третата четвртина, но тоа беше се што „коцкестите“ успеаја да сторат во ова финале, Србија набрзина одговори со два гола и си создаде предност што потоа рутински ја контролираше до самиот крај на натпреварот.

Со ова, стана јасно и зошто Хрватите намерно ја избегнаа Србија во четвртфиналето, кога во последниот меч од групната фаза загубија од аутсајдерот Франција. Разликата во квалитет беше очигледна, а за Хрватска во секој случај добар успех е и овој сребрен медал. Впрочем, Србија е апсолутен владетел во ватерполото во моментов, со титули на Олимписките игри, Светското Првенство, Европското првенство и на Светската лига.

Ekipa.mk