Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСрбија богата со злато – потврдено е наоѓалиштето во Бор

Србија богата со злато – потврдено е наоѓалиштето во Бор

Српскиот министер за рударство, Александар Антиќ, рече дека е среќен што геолошкото истражување на наоѓалиштето во Бор покажало добри резултати. Истражувањето го праеше американска рударска компанија, “Freeport McMoRan”.

„Резултатите од истражувањето се одлични и со радост ги следиме активностите на компанијата. Станува збор за значајно наоѓалиште кое може да биди од светска класа“ – изјави министерот, на одбележувањето на денот на рударите во Бор.

Министерот Антиќ не даде подетални информации и рече дека нема да ги коментира шпекулациите по медиумите, туку само потврди дека истражувањето било успешно. На крајот, тој им порача на рударите да не се грижат за својата иднина, бидејќи ќе се отворале нови рудници и нови работни места.