HomeДЕНЕШНАРегионСрбија уапси десетмина шверцери на оружје, запленета рекордна количина

Србија уапси десетмина шверцери на оружје, запленета рекордна количина

srbija-oruzje

Српската полиција заплени рекордна количина на оружје во војводинските населби Сомбор и Апатин, при тоа апсејќи десет лица осомничени за трговија со оружје, изјавил во средата српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, пренесуваат тамошните медиуми.

Во акцијата биле пронајдени девет килограми пластичен експлозив, 20,7 килограми ТНТ експлозиви со десетици електрични детонатори, 111 рачни бомби, 12 рачни противтенковски бомби, два ракетни фрлачи „зоља“, 10 тромблонски мини, осум автоматски пушти, две полуавтоматски пушки, шест пиштоли, два карабини, една малокалибарска пушка, шест илјади парчиња муниција, една противтенковска мина, објавуваат белградските медиуми.

Стефановиќ изјавил дека биле уапсени и организаторите на криминалната група и дека „се работи за навистина огромна количина на наоружување со која групата тргувала“. Уапсените се на возраст од 27 до 55 година, а по налот на организаторот, идентификуван како С.К. во текот на 2016-та набавувале се поголема количина на оружје, муниција и експлозивни материјали за кои потоа наоѓале купци, а заработените пари биле делени со соработниците.

„Загрижени сме не само поради употребата на наоружувањето во нашата земја туку и можноста тоа да дојде до некоја друга европска престолнина и со него да се изврши некое казнено дело“, рекол Стефановиќ, наведувајќи ја како пример добрата соработка со Франција, со чија полиција заеднички биле „пресечени шверцерски канали преку кои имало криумчарење на оружје во автобуси кои се движеле кон Париз“.

Стефановиќ нагласил дека истрагата досега не покажала поврзаност помеѓу оружјето кое било запленето во Апатин и Сомбор и оружјето, бомбите и експлозивите кои неодамна беа пронајдени близу семејната куќа на српскиот премиер Александар Вучиќ во белградската населба Јајинци и во една гаража во Нов Белград.

За ова оружје српските медиуми шпекулираа дека било наменето за атентат на српскиот премиер, но Вучиќ рекол дека „немало намери за атентат“ но и дека случајот со откриеното оружје е „посериозен отколку што првично се очекувало“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com