HomeДЕНЕШНАРегионСрбија го уапси косовскиот директор на полиција поради тероризам

Србија го уапси косовскиот директор на полиција поради тероризам

Српската гранична полиција го уапси Нехат Тачи, директорот на косовската полиција за регионот на Косовска Митровица поради сомнение за терористички активности, потврди министерството за внатрешни работи на Србија.

Тачи бил вчреасиноќа на административниот премин Кончуљ, врз основа на потерница издадена од 2010 година поради кривично дело тероризам. Приштинските медиуми претходно објавија дека косовската полиција ја потврдила информацијата за апсењето и дека Тачи бил префрлен во Ниш каде треба да присуствува на рочиште.

Портпаролот на косовската полиција Даут Хоџа изјави дека Тачи бил уапсен доцна синоќа, по полноќ, на преминот Бела земја кај Бујановац.

„Тачи патувал во една од западноевропските земји со автомобил преку Србија“, соопшти портпаролот. Тој не кажа која била причината за апсењето.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com