HomeДЕНЕШНАРегионСрбија го ослободи косовскиот функционер, протестна нота за друг уапсен косовски Албанец

Србија го ослободи косовскиот функционер, протестна нота за друг уапсен косовски Албанец

nehat-taci

Српските власти денеска од притвор го ослободија високо позиционираниот косовски полициски функционер Нехат Тачи, кој пред повеќе од еден месец беше притворен во Србија под сомнение за тероризам, информираа српските медиуми.

Српската државна телевизија РТС информира дека Нехат Тачи денеска е ослободен откако обвинителите ја прекинале истрагата против него. Тачи беше уапсен на 29 септември на косовско-српската граница и спроведен во затворот во Ниш, под сомнение дека го протерал српското семејство Миливојевиќ за време на конфликтот. Адвокатот Сеад Спаховиќ, бранител на Тачи, рече дека сите тројца членови на семејството Миливојевиќ рекоа дека неговиот клиент не е човекот што ги протерал. Косово протестираше против неговото апсење.

Во исто време со неговото ослободување, министерството за надворешни работи на Косово испрати протестна нота до српските власти, поради апсењето на Хилми Келменди, косовски Албанец кој живее во Германија, поради постоење на сомнение дека извршил воени злосторства. Келменди, кој за време на војната 1998-1999 бил член на Ослободителната војска на Косово (ОВК), беше уапсен во саботата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com