Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСрпски актер пронајден мртов во парк

Српски актер пронајден мртов во парк

Полицијата го пронајде мртвото тело на српскиот актер Михаило Заверла (43)во парк во Белград и според првичните наоди не се воочени траги на насилство. Неговото семејство соопштува дека неодамна се развел од сопругата што многу го погодило, но не покажувал знаци на суицидност, ниту пак дека има други проблеми. Случајно или не последната песна која ја постирал на Facebook е Dance me to the end of love од Леонард Коен.