Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСпрингстин повторно си го сруши сопствениот рекорд!

Спрингстин повторно си го сруши сопствениот рекорд!

Брус Спрингстин и неговиот „E Street band“ синоќа повторно го срушија својот рекорд по должина на настапите во САД, бидејќи во Филаделфија свиреа повеќе од четири часа. Со концертот во паркот „Ситизенс бенк“ во Филаделфија, од четири часа и четири минути, Спрингстин си го сруши сопствениот рекорд кој го постави минатата недела со концертот во Њу Џерси.

Најдолгиот настап „Шефот“ го имаше во Хелсинки 2012 година- четири часа и шест минути. Турнејата на Спрингстин по САД и Европаќе се заврши со концерт во Фоксбор во Масачусетс на 14 септември.