HomeДЕНЕШНАРегионСпречена катастрофа во Турција – пронајдени 300 килограми експлозив

Спречена катастрофа во Турција – пронајдени 300 килограми експлозив

300 килограми експлозив, што се претпоставува дека и припаѓал на Курдската работничка партија (ПКК), бил најден во Турција и контролирано активиран, информира турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк. Експлозивот бил откриен крај патот меѓу градовите Мидат и Даргечит, во округот Мардин, во југоисточна Турција.

Експлозивниот материјал бил распореден во 15 лимени кутии од по 20 килограми и бил подготвен за експлодирање. Експлозивот бил уништен преку контролирана експлозија, откако движењето по патот било целосно прекинато. Експлозијата предизвикала штета на асфалтот.

Одговорни лица коментираат дека била избегната можна голема трагедија, ако се има предвид дека минатата година на истото место беше активирана бомба при минување на возила на турските безбедносни сили.

Инаку, вчера одекна експлозија пред полициската станица на истанбулскиот кварт Јенибосна, која и претходно беше мета на напади.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com