HomeДЕНЕШНАРепубликаСпречен обид за шверц на мигранти на јужната граница

Спречен обид за шверц на мигранти на јужната граница

имигранти-520x292

Армијата спречи нов обид за шверц мигранти од Грција на македонска територија. Шверцерите, со возилата и мигрантите се предадени на надлежните органи на МВР за натамошна постапка. Во обидот за нелегален премин се вмешани и македонски државјани.

„Беше спречен случај на нелегално поминување, односно шверц на мигранти во моторни возила кој се случи некаде во раните утрински, часови околу 6 часот во близина на езерото Паљурци, на правецот кон Богданци. Беа инволвирани двајца наши државјани со две моторни возила и внатре имаше обид за нелегало шверцување на 11 мигранти, од кои 6 малолетни, односно деца“ – изјави портпаролот на ГШ на АРМ, Тони Јаневски.

Досега спречи околу 26 илјади обиди за нелегален влез на мигрантите на македонска територија.
Од август минатата година на јужната граница се распоредени припадници на АРМ со одлука на претседателот Иванов за армиска поддршка на граничната полиција во справувањето со мигрантскиот бран.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com