Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСпречувањето на климатските промени е морална должност

Спречувањето на климатските промени е морална должност

Научниците за ефектите од климатските промени одржаа состанок во Париз каде во декември ќе се одржи нов самиот под покровителство на Обединетите нации за постигнување на договор за спречување на последиците врз идните поколенија. Научниците во наредниот период ќе лобираат за намалување на емисиите на јаглерод диоксид како главен виновник за затоплување на планетата и предизвикување на глобални климатски промени.

Laurence_Tubiana_unЗа ефикасна акција насочена кон климатските промени потребен е нов глобален договор, но акцијата може да се создаде и од најупорните застапници кои со својата иницијатива и решителност ќе дадат пример и за останатите, изјави Лорен Тубијана француската амбасадорка во ОН.

За намалување на емисиите на јаглерод диоксид има два проблеми, едниот е финансиски, бидејќи голем дел од светските економии во раст не сакаат да се откажат од неопходните и поевтини ресурси за индустријата, а вториот проблем е со перцепцијата на јавноста каде се уште нема јасен консензус дека климатските промени се предизвикани од човекот и дека може да се превземе нешто за да се спречат процесите на планетата.

climate change3

Тубијана додаде и дека не постои централизирано решение кое ќе пристигне „од врвот“ и дека сите ќе го почитуваат, но затоа мора да се наметне како морално прашање за кое треба да превземеме одговорност и да ги спречиме можните последици.