Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСпречен терористички напад на косовски манастир

Спречен терористички напад на косовски манастир

Косовската полиција соопшти дека во близина на манастирот Дечани уапсила четири лица, за недозволено носење на оружје. Полицискиот портпарол Баки Келани, ја потврдил веста но не дал детали.

– Синоќа при една полициска акција уапсени се четири лица за недозволено носење на оружје. Тие се уапсени на само неколку метри од манастирот Дечани, изјавил кусо Келани, за приштинскиот весник „Експрес“.

Игуменот на манастирот, Сава Јањиќ, на Твитер напиша дека уапсените се Албанци и ги нарекува „вооружени исламисти“. Според него тие биле упасени пред портите на манастирот каде дошле со автомобил „голф“ во кој имале авотматска пушка и исламска литература.

– Пред главната манастирска порта уапсени се четворица вооружени исамисти. Овие четворица Албанци, кои се од различни делови на Косово, Гњилане, Урошевац, Призрен и Ѓаковица, беа уапсени синоќа околу 21 часот. Тие беа во автомобил „голф“ бела боја, со регистарски таблички од Урошевац, напиша Јањиќ.

Тој уште наведува дека по акцијата на полицијата и на КФОР уапсените биле индентификувани, а автомобилот детално проверен.
– Тука беа пронајдени три кутии со муниција и Калашњиков, како и книги со исламска содржина. Засега нема информации од полициската истрага, но КФОР го обезбедува манастриот и неговата околина, пишува Јањиќ.