Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСпречен терористички напад во Дизелдорф

Спречен терористички напад во Дизелдорф

Германската полиција во Дизелдорф уапсила тројца сириски државјани под сомневање дека планирале да извршат терористички напад во Германија.

Како што јавуваат германските медиуми, уапсените Сиријци се осомничени дека како припадници на Исламска држава имале задача да организираат бомбашки напад.

Министерот за внатрешни работи на Германија, Томас де Мезијер, рече дека околу 4.500 до 5.000 радикализирани муслимани дошле во Европа од Сирија и од Ирак.

Исто така, тој истакна дека најмалку 810 од нив се наоѓаат на територијата на Германија и дека голем дел од нив се повратници од војните во Сирија.