Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометСпортски потег на денот: Ракометар на Металург на позајмица во Вардар

Спортски потег на денот: Ракометар на Металург на позајмица во Вардар

Кристијан Давитковски, десниот бек на Металург е првиот ракометар кој, барем во поновата историја на двата клуба, се преселува во редовите на Вардар Јуниор.

Младинскиот репрезентативец на Македонија бараше, но не доби исписница од Металург, па така единственото решение е пронајдено во противничкиот табор со потпишување на едногодишен договор и можност за продолжување на истиот за уште една година.

Кристијан е петтиот младински ракометар кој заминува од Металург, по Мартин Манасков (Вардар Јуниор) и Борјан Маџовски, Андреј Маркудов и Никола Даниловски (Пелистер).