Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика„Спортот и семејните вредности“ ќе ги активира штипјани

„Спортот и семејните вредности“ ќе ги активира штипјани

Проектот „Спортот и семејните вредности“ на Агенцијата за млади и спорт се сели во Штип во спортската сала „Јордан Мијалков“ каде ќе се одржат натпревари и друштвени игри во повеќе дисциплини меѓу децата и нивните родители. Замислата на проектот е во новите спортски објекти низ државата да им се даде простор на семејствата заедно да се дружат и рекреираат со пристап до многу реквизити и натпреварувачка атмосфера.