Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпорот за името треба да биде решен во 2018 година, вели Коѕиас

Спорот за името треба да биде решен во 2018 година, вели Коѕиас

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, за грчкиот весник „Катимерини“, изјави дека владата има намера да го реши спорот за името со Македонија. Тој вели дека националната рана, која е отворена пред 26 години, треба да биде излекувана до 2018 година, пишува „Катимерини“.

– Верувам дека прашањето треба да биде решено до првата половина на 2018 година – вели грчкиот министер за надворешни работи.

Според него, во спротивно ќе има „големи компликации“.

– Нема да биде добра година за прашања од таква природа, бидејќи ние ќе бидеме среде изборни кампањи, а такви проблеми треба да се решаваат во релаксирана атмосфера – објаснува Коѕиас.