HomeДЕНЕШНАПолитикаСпорните кандидати за полицајци протестираат кај Спасовски

Спорните кандидати за полицајци протестираат кај Спасовски

Триесет и четири кандидати за полициски приправници, кои на претпоследниот конкурс на МВР не беа примени денеска го повторија протестот пред седиштетото на МВР барајќи одговорност од министерот Спасовски.

Тие се незадоволни што не се примени на работното место, но Оливер Спасоввски тврди дека за нивните вработувања треба да реши Министерството за финансии односно да ги одобри платите и придонесите, па им посочи да се обратат на адреасата на Кирил Миновски.

На средбата Спасовски им рекол дека и минатиот пат и сега барал согласност од Министерството за финансии за да може тие да бидат примени и да им се дава плата, но од поранешниот министер Зоран Ставрески не добил одобрение.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com