HomeДЕНЕШНАПолитикаСпорни коалиции на ВМРО ДПМНЕ, членството на ДНЕТ на суд ќе бара укинување на договорот

Спорни коалиции на ВМРО ДПМНЕ, членството на ДНЕТ на суд ќе бара укинување на договорот

dnet

Генералниот секретар на Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ), Един Јакуповиќ денеска го повика претседателот на партијата Ердоган Сарач да ја повлече одлуката за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Јакуповиќ информира дека партиските органи на ДНЕТ не се согласиле за коалиција со ДПМНЕ, а членовите јавно се оградиле од неговата одлука.

– Ердоган одважи се и повлечија одлуката за коалиција со системот! Нашето единствено барање е – веднаш повелекување на потпис со кој е направен личен чин за коалицирање и создавање фер и демократски услови за работа. Во спротивно во рок од 5 дена – поднесуваме до судот барање за укинување на одлука на претседателот на ДНЕТ за коалиција со системот. А веднаш по изборите бараме вонреден конгрес на ДНЕТ – се вели во соопштението од Јакуповиќ.

Тој потенцира дека ДНЕТ веќе со години е во коалиција со опозицискот СДСМ и дека така ќе биде и на изборите во декември.

– Ние членството на ДНЕТ, помеѓу печатот и менѓемето на системот и достоинството и обврската кон граѓаните, ги одбираме граѓаните. Не само што никој не може да не подели, туку од оваа битка ќе излеземе побројни и единствени. Слободата нема цена. Режимот мора да падне – се додава во соопштението.
dnet-1

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com