Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимСпоред најновите истражувања: Јадете лута храна, го продолжува животниот век

Според најновите истражувања: Јадете лута храна, го продолжува животниот век

Велат дека сѐ што е во умерена доза секогаш има позитивни придобивки. Така е и со лутата и зачинета храна која во себе крие тајна која може да го продолжи вашиот животен век.

Одделот за исхрана на Харвард при своите истражувања открил податок дека луѓето кои речиси секојдневно барем по малце консумираат лута и зачинета храна имаат 14% поголеми шанси да живеат подолго од оние кои ја консумираат истата храна помалку од еднаш неделно. Истражувањето е направено врз база на повеќекратни тестирања на 487.375 луѓе, на возраст од 30-79 години.

chili peppers1Податоците покажале и дека, освен продолжувањето на животниот век, љубителите на зачинета храна имаат помала веројатност да страдаат од канцер, срцеви и респираторни заболувања.

Најчестиот користен зачин во исхраната се сувите чили пиперки, чии биоактивни состојки имаат својства против дебелината, како и антиоксидантни, антивоспалителни и антиканцерогени својства.